ДВЕ КОШАРКАРКИ И ЕДЕН КОШАРКАР ЧЛЕНОВИ НА „БАСКЕТ ДИНО“ ОД КОЧАНИ ДЕЛ ОД КОШАРКАРСКИОТ КАМП ВО МАВРОВО

Во Спорт
јуни 13, 2023
0 минути

Дарија Захариева, Јоана Фудулска и Лука Јангелов членови на кошаркарскиот клуб „Баскет Дино“ од Кочани ќе бидат дел од кошаркарскиот камп во Маврово.

Имено Дарија Захариева и Јоана  Фудулска генерација 2011 година и Лука Јангелов генерација 2010 се избрани од страна на селекторите за соодветните генерации кошаркарки, односно кошаркари по одработувањето на селективните тренинзи кои се одржаа во текот на изминатиот викенд.

Од големиот број пријавени кошаркарки, односно кошаркари избрани се по 15 во машка конкуренција од генерација 2010 и по 15 во женска конкуренција од генерациите 2010 и 2011 година поединечно, што значи дека на кошаркарскиот камп што ќе се одржи во Маврово од 19 до 25 јуни селекторите ќе работат со 15 момчиња и 30 девојчиња.

С.  Ивановски.