Секогаш гладните и жедни во општината Кочани се погрижија во годината во која најавија дека немаат доволно финансиски средства од задоволството кое со години го имаат да не се откажат.

Имено на страната на Општината Кочани kocani.gov.mk објавен е Оглас за барање и прибирање на понуди за набавка на прехранбени продукти и пијалоци во висина од како што е наведено, 454.574,00 денари.

Дали се тоа малку или многу средства зависи од нивните апетити, но малку чудно е за прехранбени продукти и пијалоци една сиромашна општина (како што вели првиот човек) месечно да троши 37.881,00 денар или дневно 1.722,00 денари (22 работни дена во месецот).

После убедувањето на советниците од страна на градоначалникот дека Општина Кочани нема начин од каде да најде средства за да прифати дел од барањата на ФК „Осогово“, овој податок, да се потрошат за прехранбени продукти и пијалаци околу 7.500 евра звучи малку парадоксално. Очигледно некој не сака да ја каже вистината.

Огласот за барање за прибирање на понуди може да се погледне на следниот линк.

С. Ивановски

 

http://kocani.gov.mk/gragjani/sliki_ostanato/45cea85cd4157dee846d83ab1e5c3532.pdf

http://kocani.gov.mk/gragjani/sliki_ostanato/45cea85cd4157dee846d83ab1e5c3532.pdf

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари