На 20.06.2017 година околу 19:00 часот на регионалниот пат Берово – Делчево, на место викако „Слатина“, се случила сообраќајна незгода во која Б.С. (24) од Кочани, управувајќи патничко возило „Опел Вектра“ со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, преминал на спротивната сообраќајна лента и директно удрил во патничко возило „Ауди А4“, управувано од Г.П. (31) од Берово .

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Г.П., кој е задржан на лекување во Медицински центар Штип и сопатничката во патничкото возило „Опел Вектра“, С.С. (44) од с.Бања, општина Чешиново-Облешево, која била пратена на лекување во Клинички центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС ОН Берово.

ИЗВОР:  Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари