Општина Кочани распиша конкурс за изработка на идејно-архитектонско решение на паркот на локалитетот Локубија.

Со ова решение се бара функционално и обликувано поврзување на паркот со околните сообраќајници и тротоари, со посебен третман на пешачкиот пристап до паркот.

Проектната задача бара да се предвиди една училница на отворено и што повеќе зелени површини како и простор за обележје на градот. Решението треба да содржи терени за спорт и рекреација и патека за велосипедисти, ресторан-видиковец, киосци за брза храна, фонатана, места за одмор и настрешници.

Право на учество на конкурсот имаат домашни и странски физички и правни лица од областа на архитектурата и од области поврзани со дизајн, обликување и естетика на просторот.

При изборот на најдоброто решение ќе се применуваат критериумите за изводливост и издржливост, оригиналност и репрезентативност на концептот. Од решението се бара економичност, креативност и инвентивност во пристапот на обликување и современ третман на просторот.

Трите најуспешни идејни решенија ќе бидат наградени од комисија од Општината.

Првата награда е 62.000,00 денари, втората 37.000,00 денари, а третата е 25.000,00 денари.

Крајниот рок за поднесување на идејните решенија е 15 август до 14 часот.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари