На 26.06.2017 година во 19:05 часот телефонски во ПС Кочани, С.С. (57) од населба Оризари пријавила дека при изведување градежни работи во подрумските простории на куќата сопственост на С.Ј. (79), било пронајдено неексплодирано артилериско-минофрлачко зрно (корозирано) со непознат калибар и потекло, со должина од околу 30см, кое најверојатно потекнувало од Втората Светска војна.

Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување Кочани зрното било подигнато од местото за понатамошна постапка.

Извор: Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари