Како што не информираат поголем број на жители од повеќето улици во „Белско маало“, како и од оние на потегот од улицата „Тодосија Паунов“ преку „Македонска“ кон населбата „Усова чешма“ нивните домови за време на овие пеколни горештини повеќе часови остануваат без капка вода.

Најкритично е во периодот од 16:00 часот до полноќ кога вода немаат ниту за лек.

Како што истакнуваат во дописите досега неколкупати се обратиле до надлежните во КЈП „Водовод“, но засега ништо.

Јавно бараат да им се помогне бидејќи освен водата за пиење истата им е неопходна и за одржувањето на хигиената.

На потег се надлежните од КЈП „Водовод“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари