Утринава околу 06:45 часот на патниот правец село Прибачево – село Оризари, кај месноста викана „Пруга“ се случи сообраќајна несреќа со трагични поледици.

Во несреќата учествувале велосипедист и ПМВ „Пежо 406“ со Кочански регистарски таблички управувано од С.Х. (52) од село Прибачево.

На самото место починал е велосипедистот чиј идентитет уште не е утврден а телото е предадено на обдукција.

На местото на настанот извршен е увид од страна на Јавен Обвинител и увидна екипа од ПС Кочани.

Допрва ќе се утврдуваат причините за оваа тешка сообраќајна несреќа.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари