Почитувани граѓани,

Локалната власт на Кочани, предводена од градоначалникот Ратко Димитровски, продолжува да спроведува политика на непотизам и партизирање на администрацијата.

Граѓаните се сведоци дека деновиве, во пресрет на претстојните локални избори, градоначалникот и секретарот на Општината потпишаа решенија со кои 11 лица ги унапредуваат на повисоки функции.

Со новите решенија, Димитровски ја унапреди својата снаа во раководител на Секторот за планирање и развој, а ќерката на секретарот Петар Апостолов доби статус на советник во Одделението за информатика. Слично е и со партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои во иднина ќе извршуваат одговорни функции, иако се со краток работен стаж и искуство.

Лажни и лицемерни беа ветувањата на Ратко Димитровски дека во локалната администрација ќе го почитува професионализмот и стручноста. Со ова се докажува дека за сите овие години тој работеше само за себе, за своето семејство и партијата.

Доаѓа време кога тој и неговата партија ќе понесат политичка одговорност за своето неодговорно работење. Веќе оваа есен, граѓаните на Кочани ќе изберат нова локална власт предводена од СДСМ, која ќе се грижи за граѓаните и ќе стави крај на непотизмот и на личните и партиски интереси.

ОО СДСМ Кочани

DSCN7188

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари