Граѓаните и понатаму постојано пишуваат за нови делови од градот (преди се во повисоките зони) кои деновиве, особено во попладневните часови остануваат без вода.

Сакавме да дознаеме која е причината за недостигот на вода во време кога живата во термометарот се искачува околу четириесеттиот степен и кога таа и те како им е потребна на луѓето. Одговор сакавме да добиеме од најповиканиот во вакви случаи, Раководителот за водовод и канализација во КЈП „Водовод“, но нашите ѕвонења останаа безуспешни.

Сепак од релевантни структури во КЈП „Водовод“ добивме две различни толкувања околу недостигот на вода. Едните се со тезата дека причината за недостиг на вода е недомаќинското нејзино трошење, односно наводнување на бавчите, миење на дворовите и честите дефекти во водоводната мрежа. Според другите виновникот сепак треба да се бара на друго место. Тие сметаат дека најпрвин грешката е направена при изведувањето на цевководот од бунарите, па затоа сега наместо да работат три пумпи чиј заеднички максимален капацитет е 240 л/сек, работат само две со капацитет од 180 л/сек.

Со евентуалното пуштање во работа на третата пумпа според нивни претпоставки би се зголемил притисокот на водата и би дошло до поголема хаварија токму на местото каде е направена грешката со цевководот.

Секоја од страните гледа од свој аспект, а ние оставаме стручни лица да го решат целиот овој сега веќе настанат проблем за дел од населението во Општина Кочани.

С. Ивановски

P2620076

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари