ОД УТРЕ (ВТОРНИК) ЗАПОЧНУВААТ УПИСИТЕ ВО СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ – КОЧАНИ ЗА УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА

јуни 19, 2023
1 минути

Почитувани идни средношколци,

Направете го вистинскиот избор, запишете се во СОУ „Љупчо Сантов“.

Можете да изберете:

Гимназиско образование (минимум 60 поени)

Застапени се 3 подрачја:

природно-математичко подрачје

општествено-хуманистичко подрачје

јазично-уметничко подрачје

Економско-правна и трговска струка (минимум 60 поени)

економки техничар

бизнис-администратор (дуална паралелка)

економско-правна и трговска струка(економски техничар) нуди можност за феријална практика изведена на крајот на учебната година, кај работодавец.

Хемиско-технолошка струка (45 поени)

хемиско лабораториски техничар (дуална паралелка)

СОУ „Љупчо Сантов“ во новата учебна година стекна акредитации за две дуални паралелки, бизнис администратор и хемиско лабораториски техничар!!!

Со дуалното образование добивате:

комбиниран образовен процес (учење во училиште и практична настава кај работодавец на реално работно место)

месечен надомест од 3.500 денари за секој ученик за време на девет месеци

можност за засновање на образование веднаш по завршувањето на средно стручно образование

добра основа за понатамошна високообразовна надградба

Училиштето е партнер на Еразмус + програмата која нуди различни можности за образование, обука, настава, меѓународна соработка и развој на меѓународни проекти и иницијативи.

Бидете дел од приказната наречена СОУ „Љупчо Сантов“

СОУ „Љупчо Сантов“ – Вашиот прв избор за квалитетно и стручно образование!!!

Прв уписен рок од 20 – 21 јуни, преку веб порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk и 22-23 Јуни достава на документи за упис во училиштето.

за помош при електронско пријавување обратете се на наставниот кадар во училиштето.

Со задоволство Ве очекуваме

СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ