Со положување на свежо цвеќе на бистите на Раде Кратовче и Љупчо Сантов, како и на споменикот на Никола Карев, денес во „Паркот на Револуцијата“  во Кочани членови од ЗГ „Јосип Броз Тито“ од Кочани на убав начин го одбележаа „Денот на борецот“ празник, кој на просторите на некогашната Југославија на големо се славеше.

Со ваквиот гест, членовите на ова се помасовно здружение уште еднаш го искажаа својот патриотизам кон државата, но и големата почит кон сите оние кои ги дадоа своите животи за денешната независна Македонија.

Уште еднаш покажаа дека кај нив нема поделба на великаните на револуцијата, за нив се едно те исто и  Илинденците и учесниците во НОВ.

Со ваквиот потег членовите на ЗГ „Јосип Броз Тито“ покажаа голема почит кон својата историја, потег од кои сите останати можат многу нешто да научат.

С. Ивановски

DSCN7273

DSCN7282

DSCN7292

DSCN7297

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари