Утринава голем број од станарите беа изненадени кога во еден од лифтовите во ламела „А“ наидоа на графити со непријатна содржина. Не беа толку изненадени од содржината колку од изживувањето што минатата ноќ го имаат направено оние кај кои зборот домашно воспитување е мислена именка.

Имено со години нанзад за станарите во ламела „А“ проблем се ноќните часови. Се случувало станарите кога се враќаат дома да наидат на млади момчиња и девојчиња кои пијани, нашмркани или напавкани спијат на скалите или во лифтот. Некогаш наидувале и на понепријатни безобразни слики кои се случувале во подрумските простории.

Кога по нивни најави ќе реагираа дежурните полицајци по некој ден им се кршеа сандачињата за пошта, армираните стакла на влезната врата а неколкупати беше оштетена и самата врата.

Како тогаш, така и сега известена е полицијата за стореното, но очигледно е дека таа е немоќна да се справи со ваквите појави. Законот не им дозволува да легитимираат млади лица по улиците во било кое време и затоа единствено што можат да направат е да ги зајакнат контролите па на „кого му се насмее среќата“.

Станарите свесни дека полицијата не може да се справи со ваквите невоспитани млади лица по се изгледа дека деновиве ќе одржат состанок на кој ќе се договорат како сами да се заштитат од оваа наезда.

Очигледно е дека и родителите ќе сносат дел од одговорноста бидејќи несфатливо е како млади момчиња и девојчиња на возраст од 12 до 15 години можат да бидат на улица до раните утрински часови а и слободно да влегуваат во влезовите и да се изживуваат на она што е нечија своина.

Проблемот мора некако да биде решен.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари