Александар Темелков и официјално е член на „Ренова“. Тој денес заедно со останатите четири нови играчи и беше претставен на фудбалската јавност.

По „Силекс“, „Вардар“ и „Брегалница“, „Ренова“ е четвртиот прволигаш чии бои ќе ги брани Темелков.

Освен Александар Темелков досега на „Ренова“ и пристапија и голманот Матија Кобетиќ, Бразилецот Лукас Маркос Меирелеш, Лавдрим Скендери и Хадис Велии.

Инаку „Ренова“ под водството на еден од најдобрите Македонски тренери Влатко Костов веќе една седмица во Тетово се подготвува за новото првенство, а од 07 овој месец се заминува на двенеделни подготовки во Охрид.

Од разговорот со Темелков дознаваме дека е задоволен од условите, сега нему му останува со голема работа да се наметне во новата средина и во новото првенство да им донесе многу радости на навивачите на „гипсарите“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари