Со промоцијата на поемата „Еригон“ од Александар Куклев што ќе се одржи на сцената на Центарот за култура „Бели Мугри“, вечерва со почеток во 20:30 ч. Започнува единаесеттото издание на културната манифестација „Петровденски конаци“. Промоцијата ќе биде збогатена со настапот на Димитар Лазаров на виолина.

Годинава манифестацијата ќе трае од 5 до 12 јули, а фокусот во неа е насочен кон музичките настани. Под мотото „Музичко будење на градот“ концерти ќе одржат кочанските групи „4 и 21“, „Мјау“, „Шекспир“, „Криптон“, „А-позитив“ и „Игуана“, тетовската хип-хоп атракција „Natty fiyah“. На 8 јули на Летната сцена на Центарот за култура ќе настапат Гиш и Гуру Харе, а на 11 јули, во пресрет на Петровден – Тони Китановски Трио.

Сите концерти започнуваат во 21:30 ч.

Во рамките на „Петровденски конаци“ ќе се одржат Младинската ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ и Духовната академија по повод Петровден на која ќе настапат црковни хорови од Лесново, Штип и Радовиш.

unnamed (1)

unnamed

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари