Под мотото „Фудбал – бесплатно“ во ГФК „Осогово“ започнуваат уписите на нови членови во младинските школа.

Право на упис имаат сите заинтересирани што сакаат да играат фудбал а се на возраст од 06 до 16 години.

Запишувањето ќе започне од 10.07.2017 година, а истото ќе се врши секој Понеделник и Четврток во периодот од 16:30 до 20:00 часот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани.

Тренер и координатор на младинската школа ќе биде Стефанчо Цветанов – дипломиран професор по физичко и здравствено образование со UEFA „Б“ тренерска лиценца.

Запишаните членови нема да плаќаат членарина.

Контакт телефон: 071-954-735 (Стефан) 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари