И кога се помисли дека работите се завршени и дека „Осогово“ без проблеми ќе ги започне подготовките а со тоа и игрите во втората лига, помалку изненадувачки делуваше денешната порака што беше испратена до медиумите. Очигледно е дека на два дена пред почетокот на подготовките во „Осогово“ завладеа нервоза. Како што ни беше појаснето причина за нервозната атмосфера е празната жиро-сметка на клубот која сите како да очекуваат да се полни само од Локалната самоуправа.

Котизацијата која треба да се плати за настапот на сениорската екипа изнесува 8.000 евра, или 493.600,00 денари, крајниот рок е 10-ти Јули (Понеделник) а паниката настанала по сознанието дека ветените 250.000,00 денари не се префрлени на сметката а градоначалникот моментно е на годишен одмор.

Во отсуство на Градоначалникот Ратко Димитровски делегацијата на „Осогово“ беше примена од секретарот на Локалната Самоуправа, Петар Апостолов.

По завршување на разговорот Претседателот на „Осогово“ Бранко Богатинов појасни дека 250.000,00 денари кои им се ветени експресно ќе завршат на жиро сметката, за некој ден ќе им бидат уплатени и средствата од „Петровденската награда“ (5 просечни плати во РМ) кои заедно со средствата од бизнисмените кои се дел од здружението ќе бидат доволни за навремена уплата на котизацијата.

Место за паника немало, па затоа и денешната нервоза во „Осогово“ се покажа како непотребна.

С. Ивановски

DSCN7313

DSCN7310

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари