На 6 и на 7 јули во Кочани се одржува дводневна обука на тема климатски промени, како дел од проектот Зелени згради за заедничка зелена иднина – „Грин“, проект на Центарот за развој на Источниот плански регион, финансиран од Европската Унија преку Програмата за прекугранична соработка.
„Станува збор за активност од Програмата за јакнење на капацитетите за климатски промени, а целта на обуката е да им овозможи на учесниците основни познавања за климатските промени и нивните ефекти на глобално и на локално ниво, да се приближи поврзаноста на климатските промени и природните катастрофи и учесниците да се запознаат со алатки кои може да им користат во стратешкото планирање на активностите за справување со климатските промени“ соопшти Драгица Здравева, раководителка на Центарот за развој на ИПР.
Главниот дел од проектот се однесува на реконструкција и адаптација на општинската зграда во Кочани и на обласната зграда во Благоевград. Вредноста на проектот е 398.000 евра, а периодот на реализација е до октомври 2018 година.
Работилница за изработка на стратегија за енергетска ефикасност ќе се одржи и во Република Бугарија.
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.