ИЗВРШЕНО ПРВОТО АВИОНСКО ТРЕТИРАЊЕ НА КОМАРЦИ ВО КОЧАНИ

јуни 22, 2023
0 минути

Денеска, во раните утрински часови беше спроведено првото авионско третирање против комарци во Кочани. Авиотретирањето го извршија стручни екипи на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ од Куманово, користејќи еколошко средство за уништување комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарците, одобрен од Бирото за лекови.

Со денешното авиотретирање беа опфатени површините во градското подрачје на Кочани и низинските села што припаѓаат на територијата на Општина Кочани.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ