На 09.07.2017 година околу 02:00 часот на магистралниот пат Кочани-Штип, кај место викано „Чифлички бунар“ атар на с.Чифлик, се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус со штипски регистарски ознаки управуван од С.М.(55) од населба Оризари, во кој се превезувале околу 58 патници и патничко моторно возило „Сеат Кордоба“ со кочански регистарски ознаки управувано од Љ.Л.(28) од Кочани. Сопатници во возилото биле А.М.(19), Р.Т.(23), Г.К.(23) и Д.П.(25) сите од Кочани.

Од здобиените повреди при незгодата на местото на настанот починале Љ.Л. и Р.Т., додека Д.П. починал во возило на Итна медицинска помош на пат за Болница. Останатите патници се пренесени во Јавна здравствена установа Кочани, каде Г.К. е задржан на лекување а А.М. бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му се констатирани телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кочани, увидна екипа од Полициска станица Кочани. Од 02:35 часот, сообраќајот бил во прекин и се пренасочувал по локалните патишта.

На 09.07.2017 година околу 02,00 часот на регионалниот пат Виничка крстосница-Виница, во близина на мостот на река Брегалница, се случила сообраќајна незгода во која дошло до слетување од патот на патничко моторно возило “Пасат“ со винички регистарски ознаки сопственост и управувано од А.М.(20) од Виница.

Од страна на екипа од Итна медицинска помош при Медицински центар Виница, било констатирано дека А.М. им подлегнал на повредите на самото место на настанот.

По овластување на Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кочани, увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Виница.

Извор: Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари