По повод празникот на Кочани „Петровден“, ПСД „Осогово“ од Кочани го организираше традиционалниот „Петровденски марш“.

Околу 170 планинари учествуваа на јубилејниот 10-ти по ред „Петровденски марш“ чие искачување беше до „Царев Врв“ на 2.085 м надморска височина.

Почетокот на маршот започна во 07:00 часот од „Пониква“ со вкупна должина на патеката од околу 35 км. Но овој пат главен проблем за планинарите, учесниците на маршот не беа километрите, нити угорнината туку сончевото и премногу топло време. Токму ваквите услови не дозволија околу дваесеттина планинари да стигнат до самиот врв.

Освен планинарите од клубот организатор, забележителен беше и бројот на планинарите од неколкуте планинарски друштва во државата: Прилеп, Гевгелија, Неготино, Штип, Пехчево, Велес и Скопје, а секако и бројот на планинари, гости од соседна Бугарија.

По завршувањето на маршот во чест на сите гости, учесници беше организиран заеднички ручек во ресторанот „Осоговски Конак“ на „Пониква“.

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

42

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари