Во салата за состаноци на Советот на Општина Кочани, денес Градоначалникот Ратко Димитровски приреди прием за учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани, како и за претставници на оркестарот на СОУ „Љупчо Сантов“ кои изминатата година беа музичките амбасадори на градот, учествувајќи и освојувајќи голем број на награди на Државните и Меѓународните натпревари.

По поздравното обраќање, Градоначалникот им врачи признанија и награди во знак на благодарност за сето она што го направија „градот на оризот“ на еден убав начин биде промовиран не само во државата, туку и пошироко.

Приемот е во склоп на годинешната културна манифестација „Петровденски конаци 2017“.

С. Ивановски

DSCN7560

DSCN7572

DSCN7565

DSCN7546

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари