По осми пат во „Паркот на Револуцијата“ пред фреските на Свети Петар и Павле во присуство на голем број на верници а по повод „Петровден“ празникот на градот Кочани, беше осветен и поделен на присутните „Петровденскиот колач“.

„Петровденскиот колач“ го освети Митрополитот Брегалнички, Владиката Иларион.

На свеченоста освен Градоначалникот и претставници од Локалната Самоуправа, на осветувањето присуствуваа и голем број на верници од месното население.

Во чест на осветувањето на „Петровденскиот колач“ во „Паркот на Револуцијата“ беше организирана културно-забавна програма со Фолклорниот ансамбл „Кочани“ од Кочани.

С. Ивановски

DSCN7648

DSCN7655

 

DSCN7703

DSCN7701

DSCN7643

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари