На свечената седница на Советот на Општина Кочани кој по повод празникот на градот „Петровден“ се одржа во „Мултикултурниот Центар“ беа доделени годинешните највисоките општински награди.

На свечената седница најпрвин свое обраќање имаше Градоначалникот на Општина Кочани, а потоа беа соопштени имињата на годинешните добитници на највисоките општински награди.

Наградата за животно дело, постхумно му е доделена на Константин Апостолов, доктор по микробиологија, член на МАНУ надвор од работниот состав.

Според образложението, д-р Апостолов, кој е роден во Кочани во 1933 година, е научник од светски ранг, кој својот живот го посветил на истражувањата во лабораториите во Скопје, во Бирмингем – каде специјализирал електронска микроскопија, Бекенхам… Бил предавач и консултант во Институтот за вирусологија во Кралската медицинска академија и во болницата Хамерсмит во Лондон. Апостолов е првиот претседател на асоцијацијата на Македонците во Британија и нејзин почесен претседател до крајот на животот. Почина во Лондон, во 2008 година.

Наградата на Општина Кочани за значајни остварувања за развојот на општината годинава му е доделена на ГФК „Осогово“ кој во натпреварувачка 2016/2017 година оствари директен влез во Втората македонска фудбалска лига со 20 победи од одиграни 27 натпревари и постигна 63 голови. Оваа награда, за разлика од претходната е парична и изнесува пет просечни плати исплатени во претходните три месеци во Република Македонија.

На свечената седница беа доделени и признанијата за првенците на генерацијата од шесте основни и двете средни училишта во општината кои како награда од општината Кочани годинава заминаа на летен одмор на островот Паг (Република Хрватска).

Од името на првенците на генерацијата присутните ги поздрави Милена Глигорова чие обраќање предизвика овации во салата.

С. Ивановски

DSCN7724

DSCN7729

DSCN7741

DSCN7754

DSCN7781

DSCN7769

DSCN7787

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари