САНИРАН ДЕФЕКТОТ И НОРМАЛИЗИРАНО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО

јуни 27, 2023
1 минути

Ги информираме водокорисниците дека откако беше детектиран дефектот на главниот цевковод за висока зона дежурните екипи на КЈП “Водовод” – Кочани излегоа на терен и во најбрз можен рок го санираа настанатиот дефект.

Поради овој дефект, неколку часа без вода останаа следните улици: “Пиринска”, “Бел камен”, “Охридска”, “Први мај”, “Марко Цепенков”, а исто така без вода за пиење беа и населбите Бејрут, Калиманова глава и Варница.

По санирањето на дефектот водоснабдувањето до крајните корисници е нормализирано и до истите во моментот непречено се испорачува вода.

КЈП „Водовод“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ