Големиот успех што го постигна со освојувањето на златниот медал на „Балканското првенство во боди билдинг“ до 19 години што во месец Април се одржа во Врање (Република Србија), Стојанче Атансов го потврди денови и тоа на Европското Првенство кое од 25 Јуни до 01 Јули се одржа во Полска.

Атанасов го освои сребрениот медал во категоријата „Бенч прес категорија Т3“ до 82.5 килограми.

Несомнено дека освоениот сребрен медал е голем успех за овој млад спортист од Зрновци но и негова голема обврска во понатамошните натпревари.

Веднаш по Европското првенство Стојанче Атанасов ги започна подготовките за Светското првенство кое ќе се одржи во Чешка.

С. Ивановски

20068377_1594973700527157_743635048_n

20068293_1594973707193823_1361065115_n

20030899_1594973723860488_95308877_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари