Како што не информираат од Општина Кочани, до предвидениот рок 15 Јули ниту еден заинтересиран се нема пријавено за бесплатните курсеви по пливање.

За потсетување само, Општина Кочани испрати јавен повик до граѓаните во кој ги извести дека во тек е пријавувањето за бесплатни курсеви по пливање за децата од социјално ранливите категории.

Бидејќи до последниот ден од предвидениот рок (15 Јули) никој не се пријавил во известувањето за јавноста стои дека курсот нема да се одржи.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари