Заврши и втората смена од извидничкиот камп во Охрид. Извидничкиот Одред „Ластовица“ од Кочани учествуваше со 20 свои претставници.

Кампот траеше 8 дена и на него  освен кочанските ластовици учествуваа и извидници од Франција, Шпанија, Англија, Полска и Белгија.

За време на престојот во Извидничкиот центар во Охрид извидниците имаа активности поврзани со вештини, сплаварење, ориентација и вежби на полигон. За време на кампувањето не изостана и дружењето, па така беа организирани Француска вечер, Ромска вечер и други активности со кои младите се забавуваа.

Најпосетена беше Македонската вечер во организација на Одредот од Кочани, дел заради вкусните кочански специјалитети а дел заради музичката програма што ја приредија јуниорите од Кочани.

Последната вечер освен вообичаената евалвација од престојот, беше организиран и краток извиднички квиз.

Со тоа, заврши летната програма на кочанските извидници, кои во периодот од 03 до 17 јули имаа две групи во Охрид од околу 50 извидници.

Следните активности се закажана кон крајот на месец Август.

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари