Дваесет и шестото издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2017“ ќе започне на 25 септември, а ќе заврши со централните настани на 01 октомври.

На состанокот што го одржаа „Одборот за организација“ на манифестацијата и „Комисијата за култура“ при Советот на Општина Кочани беа договорени рамките и најавени дел од содржините на манифестацијата.

„Манифестацијата ја осмислуваме во текот на целата година, а со овој состанок ги започнуваме поинтензивните подготовки. Ќе внесеме повеќе содржини, ќе имаме гости и делегации од повеќе држави и ќе се обидеме да ги обединиме традицијата и современиот уметнички израз“ најави градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.

Вообичаено, во рамките на манифестацијата ќе се избере жетварска убавица, обичајот зажнејување ќе се изведе на нива во Кочанско Поле, меѓународниот фолклорен концерт ќе се одржи во „Паркот на Револуцијата“, а планирани се и концерти во Трговскиот центар.

P1150602

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари