КЈП „Водовод“ упати јавен повик до сите жители на Општина Кочани за рационално користење на водата.

Токму поради нерационалното користење на водата многу домаќинства од повисоките зони во градот оваа лето останаа без вода, па по серијата нивни реагирања од КЈП „Водовод“ – Кочани излегоа со јавен повик во кој се вели:

„Се повикуваат граѓаните на Општина Кочани, корисници на услугата за вода од КЈП „Водовод“ – Кочани на рационално и наменско користење на расположливите количини на вода. Заради моменталните состојби, од страна на КЈП „Водовод“ – Кочани ќе се преземат мерки со посета на терен, опомена на лицата и санкционирање на несоодветното користење“.

10.07.2017 година

КЈП „Водовод“-Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари