ЧЛЕНОВИ НА ДПСС „ОСОГОВО“ ОД КОЧАНИ НА РАБОТНА ПОСЕТА ВО ЌУСТЕНДИЛ

јули 3, 2023
0 минути

За време на викендот членови на здружението ДПСС „Осогово“ (Доброволно планинска спасителна служба) претстојуваа во работна посета во Ќустендил (Бугарија) кај нивните колеги од ПСС –Ќустендил.

За време на посетата беа разменети искуства од досегашното нивно работење а беа анализирани и методи за спасување во планински услови.

На средбата домаќините на гостите од Кочани им го претставија германскиот овчар, куче трагач ВЕГАС кое е со големо искуство и досега има учествувано во поголем број на спасувачки мисии.

„Голема благодарност до господинот Антонии Бојков и господинот Радослав Наков за нивната гостољубивост и несебично вложување на нивните ресурси. Нема ништо поубаво од работа со професионалци од кои секогаш има нешто ново да се науче. Им благодариме за сето она што ни го презентираа при нашиот претстој“ изјави Гоце Исајов по враќаето од Ќустендил.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ