Добивме известување поткрепено со фотографии за опасноста што веќе подолго време демне, особено во ноќните часови на улицата „201“ во Кочани.

Како што не информираат пред десетина дена екипи од КЈП „Водовод“ ископале поголема дупка на улицата, ја оставиле така, си заминале и уште ги немало да се вратат.

Сите оние што ја користат улицата имаат потешкотии при движењето по неа, особено моторните возила и тоа во ноќните часови.

Апелираат до надлежните доколку се во можност да дојдат деновиве и да ја завршат работата до крај, односно да ако има некаков дефект го отстранат а потоа задолжително улицата да ја вратат во првобитната фаза.

Безбедноста на жителите е преди се.

С. Ивановски

12

13

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари