Од блиски извори на партијата дознаваме дека досега петмина кандидати поднеле кандидатура по објавениот конкурсот за Градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

Она што досега се знаеше а сепак се чуваше како тајна беше аплицирањето од тројца кандидати за да како времето се ближи за Локалните избори таа бројка се зголемила, со претпоставка дека уште некој до предвидениот рок можеби ќе поднесе кандидатура.

Од партиски извори иако имињата се држат во тајност сепак веќе имињата на четворица од петте се познати додека петтиот останува мистерија.

Според имињата кои кружат во јавноста се работи за членови на партијата кои се на добри позиции во Општината, а на кого овој пат ќе му се насмевне среќата сепак зависи од одлуките што ќе ги донесат повисоките органи на партијата.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари