И вториот контролен натпревар „жетварите“ го загубија. Овој пат како домаќини претрпеа пораз од прволигашот „Силекс“ со 0:2 (0:2).

Гостите од првата посериозна акција поведоа, а стрелец на голот беше Тимов по киксот на домашниот голман Лазаров. Вториот гол гостите го постигнаа идентично како и првиот. По еден удар вон шеснаесетникот на домаќините, Лазаров не успеа да ја скроти топката која од неговите гради се одби до Додев и мрежата на „жолто-сините“ по втор пат се заниша.

По водството од 2:0 гостите малку ја заострија играта на што во некои моменти должни не останаа ниту домаќините, па судијата Арсов кој патем да кажеме дека добро го судеше натпреварот, мораше да покаже осум жолти (пет за гостите и три за домаќините) и два црвени картони (за гостите).

И на овој натпревар како и на претходниот против „Борец“ се покажа дека кај домаќините недостасуваат неколку квалитетни играчи кои со постојаниот играчки кадар ќе можат да се надеваат на добри резултати, вака како што стојат работите „Осогово“ го очекува тешка второлигашка сезона.

Второто полувреме донесе неколку возбудувања пред двата гола но ударот со глава на гостинскиот играч Д. Иванов заврши во пречката а Тоше Манов од два обида не успеа да ја затресе мрежата на гостите.

И двата тренери натпреварот го одиграа со сите можни играчи што се појавија на натпреварот. Иако резултатите од ваквите натпревари се во втор план сепак загрижува неефикасноста и слабата игра кај „жетварите“ а единственото нешто од што можат кочанчани да бидат задоволни е настапот на неколку млади играчи и на играта во одбраната.

Посебно за одбележување на денешната средба стави голманот на кочанчани Методи Андонов кој со неколку извонредни интервенции навести дека пред него е убава фудбалска иднина.

С. Ивановски

DSCN8345

DSCN8205

DSCN8206

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари