Од денес и ЖФК „Кочани“ ги започнаа подготовките за новото првенство во Првата Фудбалска Лига за жени.

На првата прозивка се појавија десет девојки кои заедно со останатите кои уште користат годишен одмор ќе го понесат товарот во новото првенство.

„Денес стартувавме за новата сезона. Подготовките ќе ги спроведеме во Кочани а истите ќе се одвиваат во три фази. Од денес па во наредните десет дена ќе работиме на физичката издржливост, потоа следува периодот на работа со топка а за крајот од подготовките планираме да одиграме и неколку подготвителни натпревари. Годинава првенството ќе брои 12 екипи а нашата цел е со овој подмладен состав да обезбедиме место во средината на табелата“ беше изјавата на Оливер Јовановски Шефот на Стручниот штаб на ЖФК „Кочани“.

Освен на девојките кои минатата година ги бранеа боите на „жетварките“ годинава се приклучија и девојчиња од младинската школа на клубот.

С. Ивановски

DSCN8521

DSCN8524

DSCN8525

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари