До кога вака? До кога несовесните излетници ќе ги уништуваат природните убавини?

Денес ни беа испратени повеќе фотографии од група млади луѓе на кои се гледа теророт што го вршат несовесните излетници кон природата.

Фотографиите се направени во „Гоцева шума“, кој се наоѓа на потегот кон Брана „Гратче“.

Тројцата како што стои во пораката заминале да уживаат во природните убавини, но кога дошле во „Гоцева шума“ биле изненадени од она што го виделе на самиот влез а и во внатрешноста.

Самите се зафатиле за работа, и за кратко време успеале да ја соберат сета грдотија која некој „паметен“ ја направил.

Младите апелираат дека она што ни го дала природата треба да го чуваме.

После викендот ќе треба да се провери дали и понатаму на некого на кого не му работи совеста ќе се дрзне повторно нешто слично да направи.

Природата дава, но таа знае и да казнува.

Имињата на тројцата совесни млади луѓе му се познати на порталот, затоа им оддаваме голема благодарност за сето што тие го направија и со фотографии ни покажаа како се уништуваат природните убавини.

С. Ивановски

42

43

44

45

46

47

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари