Од полициски извори дознаваме дека вчера (Петок) околу 19:00 часот од страна на лице од село Теранци потстанар во куќа на улицата „Александар Македонски“ број 5 во Кочани пријавил дека пронашол две безживотни тела.

По добиената пријава веднаш е формирана Увидна екипа од Полициска станица – Кочани, Јавен Обвинител и патолог.

При вршење на увидот во куќата ги пронашле двете безживотни тела кои набргу биле идентификувани. Се работи за маж С.Г. (роден 1975 година) од Скопје и жена Ј.П (родена 1992 година) од Пробиштип. Забележени се траги од крв а лицата имале прострелни рани во пределот на главите.

Пронајдената Автоматска пушка и четирите чаури, се земани на вештачење и истите ќе послужат како доказен материјал.

Се преземаат сите мерки за расветлување на овој случај кој ги потресе жителите на Кочани.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари