И на третиот контролен натпревар екипата на „Осогово“ доживеа пораз, овој пат на гостувањето во Струмица од Второлигашот „Беласица“ со 2:3 (0:1).

Како што дознаваме за разлика од претходните два натпревара овој жетварите го одиграле добро, поточно солидно, особено во второто полувреме.

Водството на домаќините од 2:0 било анулирано со двата гола на Тоше Манов, но во финишот на натпреварот домаќините со третиот гол во мрежата на „жетварите“ сепак стигнале до победата.

Хендикеп за кочанчани е што натпреварот го играле на терен со вештачка трева, а уште поголем хендикеп е не играњето на неколку искусни играчи кои поради „обврските“ на „Илинденските Спортски Игри“ и користењето на годишни одмори не биле во составот на екипата.

Дали днес во Струмица беше ден на „жолто-сините“ или влегување во ритам на добри натпревари ќе покаже веќе следниот натпревар кој е закажан за 1-ви Август (Вторник) кога во Кочани ќе гостува екипата на „Тиквеш“ од Кавадарци.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари