Со двата погодока на Ефтим Аксентиев постигнати во второто полувреме, денес во Македонска Каменица „Каменица Саса“ ја совлада Штипска „Брегакница“ со 3:2 (1:1).

Први во водство дојдоа гостите со голот на ветеранот Здравков, а домаќините преку пенал што го изведе Златковски израмнија на 1:1. Во второто полувреме „штипските сини“ повторно дојдоа во водство, стрелец на погодокот беше уште еден ветеран, Наумов.

Но домаќините не престануваа да атакуваат кон голот на гостите па со двата погодока на Ефтим Аксентиев го „клекнаа“ на колена минатогодишниот прволигаш.

Ова се први погодоци за Ефтим Аксентиев во „зелено-црниот“ дрес на „Каменица Саса“.

Натпреварот одлично го судеше Ангелов од Кочани.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари