Актуелниот пратеник во Собранието на Република Македонија од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани Иван Иванов, денес во просториите на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани одржа прес конференција која Ви ја пренесуваме во целост.

Почитувани медиуми, почитувана јавност.

Сакам да ве информирам дека со предлог ребалансот на буџетот се скратија средства за финансиска поддршка на рурален развој, се скратија средства за изградба на спортски објекти,се скратија средства за образование, за култура се скратија средства во многу други значајни области, ама затоа сите сме и како што минува времето и ќе бидеме сведоци на масовни партиски вработувања за кои се обезбедени средства.

На оваа прес конференција сакам да Ве информирам дека додека траеше комисиската расправа за предлог ребалансот на буџет на Република Македонија, како пратеник од општина Кочани

поднесов неколку амандмани со кои би се подобриле условите за живот на граѓаните .

Ќе ви набројам дел од амандманите :

За Општина Кочани побарав средства за изградба на нова детска градинка во село Тркање и проширување на постоечките капацитети на постојната, побарав средства за изградба на катна гаража во централното градско подрачје, побарав средства за покривање на градскиот базен , изградба на нов кружен тек во градот, за реконструкција на постоечката водоводна мрежа во с.Рајчани и с.Пантелеј, како и на нова водоводна мрежа во туристичкиот центар Пониква.

Побарав средства и за изградба на нова канализациона мрежа со пречистителна станица во викенд населбата Пониква.

Понатаму за општина Чешиново Облешево побарав средства за изградба на колекторски систем за отпадни води во селата Чифлик, Бања, Соколарци, Спанчево, Облешево и Чешиново

Ниту еден од сите амандмани кои беа поднесени од пратениците на коалицијата за Подобра Македонија додека траеше амандманската расправа , не беше прифатен.

За лицемерието да биде поголемо не беа прифатени ниту амандманите кои сега владејачката партија ги поднесе додека беше во опозиција.

Со ова само уште еднаш се покажа лицемерието на оваа власт и само уште еднаш покажаа дека она што го зборуваа во предизборието дека ќе има живот за сите во државата се покажа дека е уште едно во низата празни ветувања кои ги имаат дадено.

Со Почит !

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари