Екипата на „Бање“ е годинешниот победник на 45-тите „Илинденски Спортски Игри 2017“ откако на пенали ја совладаа екипата на „Чифлик“ со 3:1.

Самото финале кое се одигра на најголемиот Македонски празник „Илинден“ не ја задоволи две илјадната публика бидејќи противниците одиграа слабо, незаинтересирано и со само по една шанса пред противничките голмани.

Натпреварот заврши со најнепопуларниот резултат 0:0 за што вината мора да се бара во претпазливата игра на обете екипи.

Иако доминацијата во поголемиот дел од натпреварот ја имаа бањани сепак освен една шанса пред голот на „Чифлик“ не направија речиси ништо. Наспроти нив, нивниот противник „Чифлик“ повеќе се бранеше отколку што напаѓаше, но откако екипата на „Бање“ на петнаесет минути до крајот остана со десет играчи на теренот чифличани ја подотворија играта и имаа шанса да стигнат до победата но ударот на Коцевски противничкиот голман одлично го одбрани.

По завршувањето на годинешниот турнир беа врачени наградите и признанијата.

Блашко Ѓоргиев (Чифлик), Благојчо Анчов (Бање) и Зафир Стоиманов (Пробиштип) добија благодарници за повеќе децениско учество на „Илинденските спортски игри“, како и Полициска Станица – Кочани и Судиски актив при ОФС – Кочани за помош во одржувањето на игрите.

Оливер Велковски од екипата на „Бање“ го понесе епитетот „Најдобар играч на турнирот“, екипата на „Чифлик“ го доби пехарот за освоено второ место и чек на 30.000,00 денари, а победничкиот пехар се најде во рацете на Влатко Нанев капитен на „Бање“ заедно со чек на 60.000,00 денари.

Наградите и признанијата им ги врачија Јоже Јефтимов Претседател на организациониот одбор на „Илинденските Спортски Игри 2017“ и Костадин Личков – Градоначалник на општината „Чешиново-Облешево“.

С. Ивановски

DSCN8661

DSCN8665

DSCN8679

DSCN8685

DSCN8877

DSCN8879DSCN8881

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари