Попладне избувнал пожар во подножјето на планината Плачковица, во месноста Трнавица (Општина Зрновци) меѓу селата Теранци и Видовиште.

Како што сме информирани гори поголема површина од букова и дабова шума.

Во гаснењето на огнената стихија освен пожарникари од Територијалната противпожарна единица – Кочани, учествуваат и од Шумско стопанство – Кочани, како и жители од Зрновци и селата во чија близина тој беснее.

Според Благој Николов, раководител на ПЕ на „Центарот за спасување и кризи“ во Кочани гаснењето се одвива во отежнати услови поради непристапноста на теренот.

Постојат сомневања дека пожарот е предизвикан од невнимание на човечки фактор.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари