ПСК „ОСОГОВО“ КАКО ДЕЛ ОД МИСИЈАТА „АЛПИ 2023“

Во Спорт
јули 6, 2023
1 минути

Изминатата недела ПСК „Осогово“ со двајца свои планинари учествуваше во мисијата  „Алпи 2023“ организирана од Х2О од Скопје на која беа искачени врвовите: Гран Парадисо 4061 во Италија, Зумстеиншпиц 4563 Швајцарија, Мангарт 2679 мнв Словенија.

Оваа високогорска акција е една од потешките акции за ПСК „Осогово“, акција на која е поминато неколку опасни глечери, искачувања на врвовите по ферати за кои треба доста добра подготовка .

Нај истакнато беше искачувањето на врвот Мангар 2679 мнв во Словенија ,искачување по ферата од Италијанска и Словенска страна со висина од околу 800 м .

Благодарност до организаторот на акцијата и до членовите на „Осогово“ кои уште еднаш потврдија дека „Осогово“ е еден од најдобрите клубови на Истокот од земјата со овакви високогорски искачувања.

ПСК „Осогово“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ