Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство забранува целосно движење во шумите, без оглед на нивната намена. Забраната започнува да важи од 05.08.2017 година и ќе трае се до нејзино отповикување. Оваа согласност не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (Национални паркови, Парк шуми, шуми со специјална намена споменици на природата и сл).

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во моментов е на теренот кој беше опожарен во с. Моране, Скопско.

„Во овие моменти најважно е да се задржи присебноста и граѓаните да имаат доверба во институциите кои се на терен. Ангажирани се Армијата на Република Македонија, ангажирани се хеликоптерите на АРМ, уште еден дојден е на помош од Република Бугарија, и уште еден од Република Турција. Имаме пожарникари на терен, вработени во државни институции и се работи да се локализираат сите пожари“ изјави Николовски и додаде дека поради неодговорното работење на ДПМНЕ, денеска надлежните служби работат во нестандардни услови, со стара механизација нефункционална.

„Па дури и авионите кои беа купени не беа во функција. Сепак, и во вакви тешки услови за работа, сите ангажирани лица даваат сè од себе за брзо и ефикасно гаснење на пожарите за кои за дел од нив постои сомнеж дека се намерно подметнати. Сите ангажирани лица на терен, припадниците на Армијата, војниците, прават натчовечки напори за што е можно побрзо локализирање и целосно гаснење на пожарите. Веќе ја зајакнавме комуникацијата на институциите во однос навремено информирање на граѓаните, а во наредниов период ќе се фокусираме и на зајакнување на одговорот. Тоа што сигурно како Влада на РМ ќе го направиме за во иднина ќе биде реформа во системот за одговор на кризи – овој хаос наследен од минатата Влада ќе биде доведен во ред како и се друго во нашава земја и веќе нема да се случува“ изјави министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

ИЗВОР: brif.mk

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари