И во петтиот натпревар од подготовките пред почетокот на првенството во Втората Фудбалска Лига – Исток „Осогово“ го претрпе и петтиот пораз.

Денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани пред околу 200 гледачи „жетварите“ загубија од новиот прволигаш „Академија Пандев“ со 0:8 (0:5).

Од самиот почеток на натпреварот гостите ја диктираа играта и само по 35 минути со головите на С. Пандев (2), Дориев (2) и Балдовалиев (1) веќе имаа водство од 5:0. До крајот на полувремето можеа и да го зголемат водството но или не беа напаѓачите прецизни во завршницата или одбраната на домаќините во последен момент се спасуваше. Во првиот дел единствената шанса за гол „жетварите“ ја имаа преку Тодоров при негатива со „академците“ од 0:1, но неговиот удар по земја заврши во левата статива и се одби во поле.

Во второто полувреме иста песна како и во првото, гостите напаѓаа а домаќините од време на време ќе се заканеа по противничкиот гол. Во овој дел од натпреварот струмичани постигнаа уште три гола преку Атанасов (2) и Томовски а „жолто-сините“ на двапати сериозно се заканија, но ударите на повратникот во екипата Данилов гостинскиот голман со крајни напори ги одбрани.

С. Ивановски

DSCN9003

DSCN9033

DSCN8915

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари