Клубот за планинарски спортови „Москито“ – Кочани организира искачување до највисоките врвови на Алпите на „Мон Блан“ (4810 м), „Гран Парадисо“ ( 4091мнв ) , Триглав(2864 ).

На 15ти август 2017 година, Крумислав Цеков, Борис Поп Горгиев , Лоренс Марков и Бојан Мичев одат на долг пат низ Шамони, Аоста-понт, Аљажев дом.

Спортско-техничката организација и подготовка на Македонската експедиција трае повеќе од една година напорна работа и обука. Со успешно завршување на спортскиот настан, се очекува широк медиумски одговор и како во печатените така и на телевизиските медиуми, како и на интернет и социјалните мрежи.

Експедицијата е финансирана од сопствени средства на учесниците, бидејќи дел од програмата е дискутабилна поради големите трошоци за опрема, превоз и сместување.

Се обраќаме кон вас и организацијата што ја претставувате со барање за финансиска поддршка во рамките на вашите способности.

Можеме да понудиме поставување на лого во рекламните материјали, покривање на фејсбук и вести, и да ја споменеме вашата организација во медиумското покривање, каде што тоа не е во спротивност со политиките на соодветните медиуми. Исто така може да ни дадете ваше знаме или маици со вашето лого или име и ако дозволат временските услови ќе биде развеано на сите врвови, може и видеата и материјалите што ќе ги направиме да ви ги дадеме да ги искористите за реклама или слично.

Ви благодариме за бонусите,

Со почит,

претседател Крумислав Цеков

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари