Конечно „Осогово“ ја извојува првата победа во серијата подготвителни натпревари.

Денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани  совладана е екипата на „Детонит“ од радовиш со 6:2 (3:1).

На денешниот натпревар во екипата на „жетварите“ се појавија неколку нови играчи, а кој каков впечаток оставил кај Стручниот штаб ќе се виде деновиве.

Головите за „Осогово“ ги постигнаа Тодоров (3), М.Атанасовски (2) и Т.Манов (1).

До утре (Четврток) истекува рокот за пријавување на играчи кои ќе имаат право да настапат на Куп натпреварот против „Брегалница“ од Штип кој е закажан за следната Среда.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари