Во однос на кадровските прашања Владата на Република Македонија ги разгледа и ги усвои кадровските предлози и заклучи да именува функционери и директори на органи, државни управи и казнено поправни установи што се во надлежност на владата.

Комисијата за кадровски прашања во владата, за секое лице поединечно, ги провери содржините на поднесената документација за да се провери дали ги исполнуваат условите за именување и соодветно на фактите, со потврдата за исполнување на условите за именување, Владата денеска ги објави одлуките во Службен весник на Република Македонија.

На листата од 67 именувани функционери и директори на органи, државни управи и казнено поправни установи се најде и името на Ванчо Петрушевски, актуелен секретар на ОО на СДСМ – Кочани, кого Владата на Република Македонија го именува за Вршител на должноста заменик на директор на Бирото за развој на образованието, орган во составот на „Министерството за образование и наука“

ИЗВОР: vlada.mk

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари