Челниците на Третата Фудбалска Лига – Исток со седиште во Кочани во петокот одржаа седница со претставниците на клубовите што се натпреваруваат во Третата Фудбалска Лига – Исток. На состанокот како што дознаваме присуствувале само петмина претставниците, од  „Кит Го“ (Пехчево), „Малеш“ (Берово), „Слога 1934“ (Виница), „Кежовица“ (Штип) и „Рудар“ (Пробиштип).

Присуството на само пет претставници од осум до десет колку што се очекуваше ја отсликува реалноста за фудбалот во истокот.

Клубовите веќе подолг период се жалеа на неажурноста во работењето, односно ненавременото доставување на пресметки за потрошени средства по секое одиграно коло како и не враќањето на вишокот на средства кои останаа како позитива кај некои клубови.

Ако минатата година ваквиот состанок со клубовите од Третата Фудбалска Лига – Исток беше од отворен карактер за медиумите, годинава ништо од транспарентноста.

Дали стравот медиумите да не дојдат до податоци кои не им одговараат на оние кои зазедоа добри позиции за добар хонорар е причината за седницата да биде затворена за медиумите бргу ќе се дознае.

Дознаваме дека одредени клубови се сомневаат во регуларноста при работењето кога се во прашање враќањето на вишокот на средства, па дел од нив веќе поднеле документација до надлежните органи и истите бараат да се испита работењето на Третата Фудбалска Лига – Исток во изминатото првенство.

Што и како ќе се постапи во овој случај набргу ќе дознаеме бидејќи во брзо време се очекува разрешница за ваквите сомнежи на дел од фудбалските клубови.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари