Утре (Среда) со почеток во 17:00 часот, на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани ќе се одигра фудбалскиот натпревар од 1/16 финалето на фудбалскиот Куп на Македонија „Осогово“ – „Брегалница“ (Штип).

Жрепката сакаше по повеќе од една деценија двата големи ривали да одиграат еден официјален натпревар.

Во „Осогово“ владее една хармонична атмосфера за што сведочеа насмеаните лица и оптимизмот кај играчите и Стручниот штаб на денешниот тренинг.

Освен играчите доста оптимистички изјави доаѓаат и од НГ „Сејмени“ кои по сознанието на противникот на големо се спремаат за овој натпревар.

Кај „жетварите“ право на настап ќе имаат и новодојдените играчи: Јован Манев (Брегалница – Штип), Влатко Коцев (Вардар – Неготино) и Марио Анастасовски (Рудар – Пробиштип).

Цената на влезницата за овој доста интересен натпревар е доста популарна, чини само 50,00 денари.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари