Ракометарите и ракометарките ма „Младинец“ од Кочани предводени од стручниот штаб, вчера (Вторник) на теренот на стадионот „Никола Мантов“ и официјално ги започнаа подготовките за новата ракометна сезона.

Како што сме информирани од тренерот Димитар Филипов во план е во следните петнаесет денови да се работи на стадионот „Никола Мантов“ а од почетокот на Септември тренинзите ќе се реализираат во спортската сала „Никола Карев“.

И машката и женската екипа на „Младинец“ годинава ги пријави своите настапи во лигата чиј покровител е Ракометната Федерација на Македонија и во мини лигата на РК „Металург“.

„Сите ракометари и ракометарки присуствуваа на првиот тренинг. Се надеваме дека подготовките ќе бидат спроведени онака како што е планирано и дека годинава ќе имаме подобри резултати од лани“ беше краткиот рапорт на Филипов.

Инаку уписите во клубот и понатака се отворени. Сите млади дечиња и девојчиња кои сакаат да тренираат ракомет во следните петнаесет денови ќе треба да го посетат стадионот „Никола Мантов“ во попладневните часови и да се најдат во списокот на екипата.

С. Ивановски

20864318_10203542443678688_685816774_n

20863831_10203542443958695_1558378511_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари